​Додека сите медиуми трубат дека за некој ден ќе дојделе сибирски температури во Македонија од дури -23 степени, за нас битолчани кои сме научени на температури и до -35 и -40 степени под нулата вестите ни изгледаат и повеќе од смешни. Во градот каде од ладно и “пингвините паѓаат во несвест” а поларните мечки влегуваат во река Драгор да се стоплат, ние битолчани докажано сме екстремно издржливи. Така да без ѕиври можиме и до -20 степени целзиусови да издржиме, вентијагите над -25 ги запетлуваме и на нашата долгогодишна традиција, пиењето кафе на Широк Сокак, до сега никоја температура од -40 до +40 не можела многу да влијае на локацијата и тајмингот. Инаку според историските податоци, најниската температура измерена во Битола официјално е  -35 степени додека височината на снегот што паднал во Битола изнесувала од 52 сантиметри во 1954 година, 63 сантиметри во 1962 година, 55 сантиметри во 1975 година и 84 сантиметри во 1983 година, а знаело дури и во август 1978 и август 2007 година на Пелистер да падне снег со дебелина од десетина сантиметри!

За надалеку познатата летна “Трка на штикли” по Широк Сокак, достојна замена за време на зимниот период би била “Трка на пингвини” со нуркачки пераи по снегот… За чешит се разбира. Или не ? ???

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here