На интерционалниот пливачки митинг “Дядо Коледа” кој се одржа на 14.12.2024 година во градот Благоевград, Р. Бугарија, каде што имаше ококу 220 пливачи и пливачки од Бугарија, Србија и Македонија, нашите пливачки од „Олимпик“ Битола постигнаа одличен успех и тоа:
– Кристина Петровски 3. место во 100 метри слободно
– Мила Петровски 2. место во 100 метри делфин
Достојно го претставија нашиот град Битола, со што покажаа дека за овој комплетен спорт постојат желби за тренинг и постојан напредок на најмладите пливачи.
Честитки за нашите пливачки објави тренерот Кире Марков.
Битола уште чека на затворен базен кој е потребен за огромен број на ученици во градот. Пливањето е број 1 спорт за развој на децата во поглед на исправеност на грб, рамена…