Нашите млади битолски пинг-понгари од мали започнаа да нижат големи успеси

од February 16, 2025 0 коментари

Вчера во Битола се одиграа првите два Државни Мастерс турнири во пинг понг за девојки и момчиња до 11 и до 13 години. Претставниците од ППК Пелагонија Битола освоија 5 медали. Калина Митева е најуспешна со два медали 1 место и златен медал до11 години, а до 13 г. 3-то место бронзен медал. Натали Бејковска освои 2 место до 11 г. сребрен медал. Кристијан Митев 2 место и сребрен медал до 13 г.,а Андреј Бејковски 3 место и бронзен медал до 13 години.

ППК Пелагонија, Битола

Babam Bitola

Comments are closed.