Нашиот сограѓанин, актерот од Битола Тони Наумовски, повторно блесна на меѓународната сцена и ја освои наградата за Најдобар актер на 12. издание на Montelupo Fiorentino Film Festival во Италија, за својата улога во филмот Lena and Vladimir.

Со оваа награда, тој уште еднаш го потврди својот голем актерски талент и посветеност, и покажа дека македонската уметност заслужено го наоѓа своето место на европските филмски мапи.

„GRAZIE del mio cuore. БЛАГОДАРАМ од срце,“ напиша актерот во благодарност до жирито и публиката, изразувајќи љубов и благодарност од целиот тим на филмот.

Филмот „Lena and Vladimir“ продолжува успешно да се прикажува на фестивали, а нашиот битолчанец – да освојува срца и признанија.