Филип Кузмановски по проблемите со коронавируост се врати во составот на Хановер, кој денес ја запиша првата победа во новата година. На свој терен, Хановер славеше убедливо над Нордхорн Линген со 31-22, а македонскиот репрезентативец беше творец на два гола.