По повод 5ти мај, Денот на децата во Јапонија, Амбасадата на Јапонија го организираа натпреварот „Кодомо но Хи“, каде
жири комисијата составена од Амбасадорот Савада Хиронори, Проф. Гоце Наневски и Проф. Д-р. Дита Старова Ќерими доделија три први награди за најдобра творба во категорија на автори од 2 до 5 години, автори од 6 до 8 години и автори од 9 до 12 години.
Победници се:
1.Мила Лековска за „Тетка Биберче“ – (4 г.) од Градинката „Мајски Цвет“ – Битола
2.Вега Митјан за „Суиџин“- (8 г.)
3. Елена Вчковска за „Без наслов“ – (12 г.) од Основното училиште „Тодор Ангелевски“ – Битола
Во текот на вчерашниот ден 18-ти мај, Амбасадорот на Јапонија во Македонија, господинот Савада оствари средба со Мила, Вега и Елена кои ги освоија првите награди во своите категории на натпреварот и му ги врачи наградите.
Честитки до нашите најмлади битолчанчиња.