На свечена церемонија во Музејот на македонската борба во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор за Жена на годината 2024.
Наградени беа вкупно 10 дами, кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што одминува.
Нашата битолчанка Фатма Бајрам Аземовска е прогласена за Жена со најголеми достигнувања за општеството!
„Со голема благодарност ја прифатив наградата „Жена со најголеми достигнувања за општеството“ за 2024 година. Ова признание претставува поттик за понатамошна посветеност и работа во полза на заедницата.
Искрено им благодарам на Претприемачки што ја препознаа мојата работа и вложените напори за подобрување на општеството. Оваа награда ја посветувам на сите жени кои секојдневно инспирираат со својата сила, решителност и посветеност. Нека ова биде потсетник дека заедно можеме да создадеме подобро утре.
Ова признание е доказ дека трудот, посветеноста и заедничките заложби секогаш носат позитивни промени во општеството.“
Извор Апла.мк