Битола, 1 ноември 1928 г.
На 30-ти август помеѓу 7 и 8 часот, утрото во Битола се одигра една крвава драма во угледно битолско семејство, за која, на големо се пишувало во весниците. Тој ден, адвокатот Михаило Папазоглу, го уби неговиот зет Стерја Дукас, трговец милионер од Египет, инаку по потекло роден битолчанец, при што пукаше врз него со неколку истрели од револвер.
Причината за ова убиство, кое во тоа време предизвикало многу внимание треба да се побара во тие релации каде во последно време беа разнишани односите помеѓу Дукас и неговата сопруга, Атина, која била ќерка на адвокатот Папазоглу. Кога сето тоа ќе се сумира заедно со фактот дека бракот е меѓу Дукас и Атина и на друг начин бил забранет според сите канони, бидејќи тие беа блиски роднини, од петтото колено,нога на сродство, тогаш овој настан оди во многу повеќе карактеристични води со оглед на психолошкото во нив на настаните кои му претходеа, неопходно е јасно да се објаснат односите меѓу нив и од едната страна и од другата страна. Мајката на Дукас и таштата на обвинетиот Папазоглу биле две родени сестри.
Како се случи ова убиство со
филмска брзина во станот на Стерјо без присуство на очевидци, кои беа неговите мотиви, се прашањата заради се зголеми интересот за судењето како и за пресудата на судот. Од самиот почеток убиецот Папазоглу беше обвинет за убиство според првиот став од член 156 од кривичното право. Пред започнувањето на судскиот процес пред судот тужителите Тодор и Јован Поп-Јањиќи, беа изнајмени од еден од подалечните роднини на Дукас, додека блиските роднини, во тоа време, роднини на Папазоглу не сакаа да го тужат за ова убиство.
Адвокатот Михаил Папазоглу и неговата жена Поликсена
ИСТОРИЈАТА НА ЕДНА ЉУБОВ
Судењето за ова убиство
започна денес предпладне во Првостепениот основен суд.
Судскиот колегиум бил во состав претседател на судот г. Драги Манојлович, судии Риста Михајловиќ и Милан Коциќ и писар Димитри Поп-Димитријевиќ. Токму во 9 часот судот се запознава со обвинетиот Папазоглу, кој беше
доведен со жандарми. Се читаше обвинението покрај кое беа Анастас Гогу, Василија Гогу, и Атина Дукас како најблиски останати роднини на убиениот. Тие беа запрашани дали го тужат обвинетиот и дали сакаат компензација, за што тие сите одговориле негативно. Претседателскиот совет
и рекол да седнат на клупата.
На прашањето од судот адвокатот Папазоглу го призна неговото убиство, призна дека го убил милионерот Дукас. Причините биле лични, започнувајќи со раскажување од 1926 г. каде заедно со него биле на летовање во с.Магарево во близина на Битола. Таму тој успеал да ја измами неговата ќерка, малолетната Атина со која имал интимен однос, после што таа затруднила. На цел овај нанесен срам Папазоглу побарал од Дукас да ја земи за жена неговата ќерка Атина. Венчавката беше неизбежна, после која и започнаа поголемите проблеми на Атина која и се доверувала на својот татко за тоа како Дукас ја малтретирал, како од цела куќа и оставал само една отклучена соба, како бил голем женскарош и не бил прибран дома. Цел тој притисок го потврдија и повеќе сведоци меѓу кои беа Џуре Мартинович, Милош Пјаханиш, Манда Буш, Десанка Чиркович, Јелена Нескович, Катина Николич и други…
Фамилијата Папазоглу, десно Михаил Папазоглу, позади него Атина
ПРИЗНАНИЕТО НА ПАПАЗОГЛУ
На 30-ти август помеѓу 7 и 8 сатот,
ја посетив мојата ќерка во нивниот дом која ја начекав како со плачење го капи детето. На моето прашање “Зошто плачеш” ми одговори дека нема пари, нема дрва и се друго што и е потребно за живот. Отаму отидов во собата кај мојот зет, Дукас кој го прашав зошто е тоа така и ако треба некој договор да се направи за понатамошно издржување на мојата ќерка. Тој со висок тон започна да ми вика и да ме вреѓа сѐ и сешто, мене, мојата фамилија и ќерка. Без размислување го извадив мојот револвер и пукав во него кој одма падна на подот.
Адвокатот според пресудата бил осуден пет години затвор и после одлежувањето на затворската казна поради трагедијата и нанесениот срам заедно со цела фамилија се преселуваат во Белград.
Стерју Дукас бил роден битолчанец кој своето богатство со трговија го направил во Александрија, Египет и бил познат милионер-скржавец и женскарош во Битола.
Извор весник Време