На 55. издание на фестивалот „Илинденски денови“, Заводот и музеј во Битола се претвори во вистински храм на детската креативност.
На тема што поврзува традиција и иднина – „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“, младите уметници од основните училишта ја пренесоа својата имагинација на хартија, инспирирани од богатото културно наследство на Македонија.

Преку традиционални мотиви, фолклорни детали и автентични форми, децата не само што цртаа, туку и учеа – за вредностите кои не застаруваат, за убавината на везот, шемите и симболите кои зборуваат на јазикот на предците.

Работилницата беше поддржана и од менторки – наставнички по ликовна култура и кустоси од музејот, кои на најнежен начин го поврзаа музејскиот простор со детската фантазија.

Впечатливите моменти, цртежите на црвените килими и насмевките на малите автори говорат повеќе од илјада зборови.

фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски





