Текстот на најновата стенд ап комедија на Бојан Велевски е ваше дело. Знаеше Бојан со кој си фаќа работа или на оглас те најде?
Да знаеше не ќе ме викнеше, шо те гледам будала. Не знаеше ама ко се фати на орото ќе тера. Имаше оглас дека му треба за ламинат местење некој, се пријавив, ме гледа – ти си тој со косата шо пиши на Фејсбук, викам јас сум. Вели ако местиш ламинат ко шо пишиш ко Прилеп – Битола ќе ми е дома. И место ламинат полесно да помини текст му напишав.
Дали Бојан е УБО дете и те остават од дома да се дружиш со него?
Со сите петки, на патец се чешла, во осмо му дале книга од библиотека „Дружината братско стебло” оти со сите петки и без неоправдани заврши. Прашање е него дали го оставаат да се дружи со мене, со четворка по социологија шо имав и не се чешлам на патец.
Колку време одзема еден добар текст за стенд ап комедија и дали треба да се има смисла за хумор за да се напише еден таков или можи и со препишвање?
Колку, шо знам јас. Неколку дена, недела можи. После шо, не ќе везиме три гидини, не сум Достоевски јас. Не треба ништо, отвараш Ворд и пишиш. Ако чини – чини. Ако не чини – здрави и живи, не е нуклеарка ова па ќе згрешиш и ќе страдаат.
За шо накратко се работи во овај стенд ап и дали инспирација е црпена од вашиот луксузен и развратен живот кој повеќе од 150 години го живеете во Битола уште од времето на Елени Каринте кога му куртуливте на Ататурк за жива глава.
Е фала ти шо то отвори то прашање пошто младиве лажна историја учат. Иди то Ќемо под џам ова превтва очи „еве го пак ова турчево”. Така беше од прва рака ова. Со то шо носеа саксии црвени на глата, ние се смејме тој пиши поезија. После претседател ко стана пишман беше ама то е, нема каење.
Шо знам за шо е, го пишев го немам читано.
Дали на наставничката по македонски сега му е гордост што почна да пишуваш текстови или од мал те знај за таков?
Обавезно, ми честита секогаш, вели „не кажвај јас дека те учев, не ме срами пред луѓе”. Жал ми е само овие шо беа стварно добри за пишење, а богами имаат и книга прочитано станаа администрација ама сега шо се мора не е тешко, мора некој и да пиши. Извини наставничке шо сум баш јас.
Легендата вели дека за стенд апо на Бојан битолчани треба да си земат карта совреме оти не се скапи и ќе ги нема како прошлиот пат. Шо велиш дали битолчани се гладни забава бидејќи многу и нема со шо да се пофалиме освен со Мапет шоута на политичарите?
Поуба претстава од политичарите нема само многу скапи ги плаќаме картите. Ќе видиме дали се гладни, Ќе кажи времето.
Дали е дозволено смеење на цел глас и дали ќе има сендвичи?
Не и да. Или обратно беше? Види таму со менаџментот.