86-годишниот битолчанец Ахилеа Блачоти секојдневно започнува со своето бинлаче полно вода од една иста чешма. Штраус ги почнал првите студентски денови, студирал математика. Уште кога бил млад, се запознал со луѓе што биле вегетаријанци и не пиеле алкохол.

Сите битолчани го познаваат 86-годишниот пензионер Ахилеа Блачоти. Оние што немале можност да се уверат во неговите вегетаријански навики, можат да го забележат како секој ден од својот стан, со бинлаче од 5 литри, се упатува кон „Расадникот“, од каде цели 30 години полни вода за готвење и пиење. До сега, Блачоти воопшто не вкусил вода од градски водовод.

Ахилеа Блачоти: „Секој ден по вода од чешма.“
Кога се врати во Битола, почнал да подготвува ученици по математика. За време на 31-годишната работа, низ неговите раце поминале околу 5.000 ученици. И чудно, ниту еден од нив не станал вегетаријанец. Му се чуделе на својот наставник, но си пиеле вода од секаде, а најмногу од градскиот водовод.
„Уште кога бев во Виена, се обидуваа да ме натераат да се напијам пиво. Ми ветуваа пари, најубави жени, но се вратив во Битола и воопшто не го вкусив квалитетот на тамошното пиво. А сега, за ништо на светот не би се напил ни битолско пиво. Секојдневно пијам вода која не минува низ градскиот водовод.“
Ахилеа Блачоти можеби токму поради тие свои несфатливи животни норми останал неженет. Спие во еден дрвен салон, на чии прозорци кој знае колку години нема стакло. Лежи на душек на штици, млеко и јогурт пие само по потреба, а главно се храни со зеленчук и овошје од сопствената бавча и двор, за кои е најсигурен дека се испрскани со никакви хемикалии.
Денот претежно го минува во читање на книги и весници. Кога го посетивме, не прими мошне срдачно и не послужи за него „најсаканиот продукт – водата“.
Ахилеа Блачоти 21 година работел и живеел во Виена. Таму биле некои членови од неговото семејство.
П. Ставрев





