Над 15.000 посетители на културните настани во февруари во Центарот за култура во Битола

од March 3, 2026 0 коментари

Во текот на месец февруари, иако е најкраткиот месец во годината, салите на Центарот за култура во Битола беа исполнети со публика. Според соопштението од Центарот за култура, повеќе од 15.000 посетители присуствувале на бројните културни настани што се одржаа во изминатиот месец.

Битолчани имаа можност да уживаат во разновидна програма која вклучуваше концерти, кино-проекции, стендап настапи, изложби и други културни содржини, што уште еднаш ја потврдува силната врска меѓу публиката и културниот живот во градот.

Од Центарот за култура упатија благодарност до публиката за големата посетеност и поддршката.

„Ви благодариме што сте дел од културниот живот и што секој настан го правите посебен. Вашата поддршка е нашата најголема мотивација да продолжиме да создаваме квалитетна програма и незаборавни културни моменти“, се наведува во соопштението.

Од Центарот за култура најавуваат дека и во текот на март ќе продолжат со богата културна програма, со нови настани, концерти и филмски премиери, на кои повторно ја очекуваат својата верна публика.

Babam Bitola

Comments are closed.