Надица Бицева-Димитровски е основач на брендот за креативен и авангарден накит „Креација“. 

Надица Бицева Димитровски

Играјќи со различни текстури и видови текстил, создава база која е доволна за искажување на креативноста, инспирацијата и имагинацијата кои ќе ги задоволат критериумите на висока естетика, единственост и несекојдневност во нејзиниот накит од текстил. 

Ателјето на Креација

Понудата на идеи и нови парчиња накит секојдневно се надополнува како одраз на неисцрпните можности за креирање и реализирање нови и нови дизајни, кои го следат трендот но, воопшто не се во пулсот на комерцијалноста.

Новата колекција „Манзара“ е инспирирана од Османлиската архитектура и уметност, боите и монументалноста на Османлиските споменици, кои се дел од Македонското културно наследство. Гази Хајдар Кади Џамија (1561/62 год., Битола, Македонија) и Исак Челеби Џамија (1506 год., Битола, Македонија), се дел од модниот едиторијал на овај каталог, како надополнување кон инспирацијата.

Кај приврзоците во оваа колекција среќаваме лакови, куполи, прозорци, столб, круг, осмоаголник и плиток релјеф, кои се изработени од полимерна глина, насликани со металик акрилни бои. Основата на колекцијата е од текстил, полиуретански скај. Користени се материјали кои имаат волумен, но не и тежина, а тоа ја прави оваа колекција удобна и пожелна за носење.



„Манзара“ е моден израз, поразличен од масовната продукција, моден израз на артистот кој дизајнира за жени со единствен стил. Целата колекција е уметност која може да се носи.

Заради својата единственост, накитот е во постапка за заштита на индустриски дизајн, од страна на Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија.

Респект Надица!

Погледнете ја целосната колекција на

http://www.kreacijajewelry.com

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here