Музиката што започна од Битола: Младиот Кире Костов низ архивските фотографии

од June 21, 2026 0 коментари

Роден во Битола, Кире Костов уште од младоста го трасираше својот пат кон врвот на македонската и југословенската музичка сцена. Оваа ретка фотографија го прикажува во периодот кога талентот, трудот и љубовта кон музиката веќе го најавуваа авторот кој подоцна ќе создаде бројни незаборавни композиции.Роден е на 14 септември 1949 година во Битола, завршил Средно музичко училиште во Битола, а студирал на музичките академии во Белград и Скопје.Според архивските податоци, до тогаш има напишано околу 40 вокални и 9 инструментални композиции, како и повеќе од стотина аранжмани. Снимил четири грамофонски плочи и настапувал на Скопскиот фестивал осум пати, двапати на Загрепскиот и двапати на Опатискиот фестивал на забавна музика.Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои и прва награда на Друштвото на композиторите на Југославија и втора награда од стручното жири на фестивалот „Скопје 78“.Една фотографија што потсетува на времето кога од Битола излегуваа музичари и автори кои оставаа белег на музичката сцена низ цела Југославија.📸 ВБУ Музичка архива

Babam Bitola

Comments are closed.