Населбата е приградска, сместена на западната страна на територијата на Општина Битола, на североисточната падина на Баба Планина. Селото е ридско, сместено на 840 м надморска височина. Од градот Битола е оддалечено 7 км.
Една легенда за потеклото на ова име вели дека во минатото една од поважните стопански гранки било дрварството и одгледувањето коњи; во врска со коњарството многу чест бил извикот за коњите „д-и-и!“, па поради ова околните села ги завикале жителите на ова село диовци, а населбата Диово.
Дихово секогаш било развиена рурална населба, со карактеристичен диховски говор, со печалбарење по светот уште од 19 век. Селото има прекрасни стари градби, со интересна архитектура од првата половина на 20 век.
Во 1961 г. селото броеше 686 жители, додека во 2002 г. бројот се намали на 310 жители. Голем дел од иселеното население (над 600 лица) се доселило во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и во Европа.
Текст и фотографии превземени од Мој роден крај и поголема галерија од с.Дихово кај нашите пријатели на следниот линк:
http://www.mojrodenkraj.mk/village.php?id=147