Како и изминатите сезони, и ова лето најдобрите млади ракометари од развојната екипа ќе добијат шанса во првиот тим на шампионот. Ново засилување е Мирче Калајџиески – „мозокот“ на Еурофарм Пелистер 2, екипата која без пораз избори пласман во Суперлигата.
Калајџиески има 21 година, роден е во Струга, а во Битола дојде од словенечкиот Слован Гросист. Со висина од 180 см и тежина од 80 кг, тој важи за стабилен организатор на играта.
На крајот на јуни ќе му се стави на располагање на стручниот штаб за подготовките за сезоната 2025/26.