Дочекав и четврта операција. Каква глава ќе беше оваа мојата. Колку животи имаа мачките? Може сум мачка, а не сум знаела досега…
Нашата битолчанка и модна блогерка Александра Шијакоска по дијагностицирањето тумор на мозокот води тешка битка и моментално е во болница, поради изведување на четврта операција на главата:
Нема поента веќе да тагувам, да се жалам и да ве полнам со негативна енергија. Овој живот ми е доделен мене! Каков, таков. Има да си го живеам и песна да пеам.
Овојпат оддолу ми ја истрижаа косата. Ќе можам да камуфлирам дека имам коса.
Тука има една сестра Анастасија, се договоривме следно да се видиме на некоја плажа, не во болница.
Спремна сум за уште една вечер да бројам овци за да си одам дома. Не знам дали сум кажала воопшто не сакам болници, ни да лежам (лежам само ако се разболам), па ова ми е најголемата казна досега.“
Денес можам да ги мрдам
само очите. Тоа сигурно заприметивте од утре ќе ја мрдам и главата Веќе влегов во рутина. Се
си знам пред време. Дома ме чекаат јајцата и бојата, мора да го забрзам процесот на опоравување
овој пат.
Со помин Александра и среќни Велигденски празници.