Ирена Србиновска од Мелбурн, чупето кое е со потекло од Битола , победи во осмата сезона од мега популарното австралиско шоу “Ерген” (The Bachelor).

Оваа 31 годишна медицинска сестра и официјално го освои срцето на Локи. Тој низ солзи ја донесе одлуката, и кажа збогум на другата натпреварувачка, гркинката Бела и својата љубов и ја вети на Ирена:

Ирена, знам дека ќе бидеш прекрасна девојка, жена, мајка, ти си цел пакет“ и рече Локи на Македонката која му го освои срцето.

„Едвај чекам да го започнеме заедничкиот живот заедно, да го пропатуваме целиот живот заедно и да ти ги исполнам сите желби. Те сакам многу“.

Австралиските медиуми Ирена ја претставуваат како убавица со остар ум. Таа е Македонка, a нејзините корени несомнено се длабоко зацврстени во културата од оваа југоисточна европска земја.

Во снимките од посетата на нејзиниот роден град може да се види колку ужива во македонската култура со нејзиното семејство.

За повеќе прочитајте ТУКА

Фотографија насловна Инстаграм