Млади пингпонгари од ППК Пелагонија со нови успеси на државниот турнир во Битола

од April 26, 2026 0 коментари

Изминатиот викенд донесе нови предизвици и успеси за младите пингпонгари на ППК Пелагонија, кои настапија на Државниот бодовен турнир за млади кадети до 13 години, одржан во Битола.

Клубот се врати со два освоени медали во женска конкуренција. Калина Митева одигра одличен турнир и заслужено го освои второто место, закитувајќи се со сребрен медал. Уште еден значаен резултат постигна Натали Бејковска, која со борбена игра стигна до третото место и бронзен медал.

Блиску до медал беше и Ива Трајковски, која пропушти голема шанса да се искачи на победничкиот подиум, но со својата игра покажа дека во иднина може да се очекуваат уште подобри резултати.

Во машка конкуренција, Марко Макаријоски и Марио Марковски оставија силен впечаток со своите настапи. Иако не успеаја да стигнат до медал, нивната борбеност и квалитетна игра се доказ за потенцијалот што го поседуваат.

Од ППК Пелагонија истакнуваат дека ваквите турнири се од големо значење за развојот на младите спортисти, а постигнатите резултати се потврда за континуираната работа и посветеност во клубот.

Babam Bitola

Comments are closed.