Младиот дванаесетгодишен поет Андреј Стрезовски од Битола заблеска на поетската манифестација – „АКО ОДАМ ВО БИТОЛА 2024″ во организација на Гордана Такец и Фондација Такец која се одржа во саботата на 11.05. 2024 со „ЗЛАТНА ПОВЕЛБА” за автентично литературно творештво, кое остава длабоки траги во целокупната светска литература.

Исто така и поетската манифестација „БИТОЛСКИ ВОЗНЕС 2024″ Андреј освои „СУБСПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ПЛАКЕТА” за создавање на цврст и силен литературен темел, врз кои новите генерации на Македонски поети и писатели ќе можат да градат мостови на поврзување со светските поети и писатели.

Младиот поет на поетската манифестација „БИТОЛСКИ ВОЗНЕС 2024″ беше закитен и со “СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ОСКАР” За постигнати врвни успеси во создавањњто на литературни дела со безвременска вредност.

Исто така младиот поет заедно со уште стотина домашни и странски автори е застапен во Антологијата Вознес 2024 со три свои песни.

Добрина

Добрината со зборови не се прикажува…
Добрината преку направените дела се докажува!
Те молам, извини и благодарам,
зборови кои ги слушаме често,
секогаш да ни се на прво место.

Ако добрина со некого споделиш
исто како со некој колачот да го поделиш.
Има нешто што се вика добрина
тоа е најдобрата човекова особина.

Добрината со насмевка се дарува,
за среќа во душата да царува.
На беспомошен подај му рака,
и тој од срце ќе те сака.

Добрината е нежен мајски цвет,
најдоброто нешто на целиот свет.
Добрината во книга не се раскажува
и со зборови не се докажува.

Честитки Андреј