Младиот фудбалски талент од Битола, Петар Крстевски, официјално потпиша договор со реномираната менаџерска агенција Football Coach SB од Виена, отворајќи ново поглавје во својата спортска кариера.
Заслугата за овој значаен чекор и успешниот трансфер му припаѓа на неговиот менаџер Сеад Бибиќ, кој континуирано го следи и насочува развојот на младиот фудбалер.

Овој договор е потврда за неговиот талент, упорност и посветеност, но и за довербата која ја добива од европските фудбалски структури. Со ова, Петар Крстевски добива поголема поддршка и отворени врати кон пошироката меѓународна сцена.
Фудбалска Битола со гордост го следи неговиот напредок, со надеж дека ова е само почеток на успешна интернационална кариера.





