Младинската група на КУД „Илинден“ – Битола со сребро од меѓународниот фестивал „Folkid“ во Албанија

од May 30, 2026 0 коментари

Уште едно значајно признание за битолскиот фолклор и младите амбасадори на македонската традиција. Младинската група на КУД „Илинден“ – Битола го освои 🥈 второто место на првиот меѓународен фестивал „Folkid“, кој се одржа во Дрилон, Поградец во Албанија.Битолските фолклористи настапија со сценската постановка „На ливада“, дело на м-р Валентин Соклевски, преку која на достоинствен и впечатлив начин ја претставија богатата македонска фолклорна традиција, но и достојно ги промовираа Битола и Македонија пред меѓународната публика.Настапот на КУД „Илинден“ беше проследен со силни аплаузи и позитивни реакции, а освоеното второ место претставува уште една потврда за квалитетот, посветеноста и љубовта кон традицијата која со години ја негуваат членовите на друштвото.Успехот на младите битолчани е гордост не само за КУД „Илинден“, туку и за целиот град, кој повторно доби достојна промоција на меѓународна сцена.Честитки за сите учесници, кореографи и поддржувачи кои уште еднаш покажаа дека македонскиот фолклор живее преку младите генерации.

Babam Bitola

Comments are closed.