Младата иноваторка Евгенија повторно со високо освоено место: Стручното жири воодушевени од новите генерации!

од • May 3, 2019 • 1 коментар

Денес се одржа 38 државен натпревар за учениците од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта
Натпреварот беше само за стручните училишта и СОТУ Ѓорги Наумов Битола беше домаќин. Натпреварувачите беа поделени по струка и по категории, за сите имаше практичен дел и дел каде што се прават тестови.

Битолчанката Евгенија Дивитарова беше во практичниот дел каде имаше 15 натпреварувачи и со нејзината за сите нас позната ЦНЦ машина под менторство на Биљанка Христовски успеа да го зграпчи третото место на овај државен натпревар.

Голема воодушевеност искажаа и членовите на стручното жири, меѓу кои беше битолчанецот Методија Атанасовски, реномиран професор од Техничкиот Факултет во Битола кој ни пренесе дека денес имал посебна чест и задоволство да биде член на централната комисија за државниот натпревар на ученици од електротехничка струка во СОУ Ѓорги Наумов Битола, при што оценувале самостојни практични трудови од децата:

“Воодушевен сум од тоа што го видов. Прекрасни деца, полни со идеи, неформален начин на презентација а технички многу точен, владеење со најнови технологии, деца ослободени од предрасуди кои се почитуваат меѓу себе. И после ќе чуеш не бе овие генерации не ги бива немаат основа знаење, да видиш ние ко учевме. Демагогија. Еден од најпознатите битолчани во СФРЈ Миљан Миљанич бил во право: Убеден сум и цврсто верувам дека секогаш се подобри генерациите кои доаѓаат. Децата се џинови, општеството во кое растат не го бива оти им го руши сонот и системот на вредности и ги става во калап. За жал. Ама ќе си го најдат тие патот. Само напред и секоја чест.”

Babam Bitola

One response to “Младата иноваторка Евгенија повторно со високо освоено место: Стручното жири воодушевени од новите генерации!”

  1. Почитувани, државниот натпревар што вчера се одржа во СОТУ “Ѓорѓи Наумов” -Битола беше 38-ми, а не 23-ти…Натпреварот е за електротехничка, машинска и сообраќајна струка…Нема и тест и практичен дел за сите натпреварувачи, туку тест за учениците со четиригодишно образование, практичен дел за учениците со тригодишно образование и натпревар со трудови за сите три струки…Колку за информација, ученичката Наиле Емини од СОТУ “Ѓорѓи Наумов” освои второ место во натпреварот со трудови…Поздрав, Тони Панов, помошник директор, СОТУ “Ѓорѓи Наумов”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *