МИХА КОТАР ОД ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР НА ПОЗАЈМИЦА ВО ЦРНА ГОРА

од • October 11, 2026 • 0 коментари

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Миха Котар, сезоната 2026/27 ќе ја помине како позајмен играч во редовите на црногорскиот клуб Будванска ривиера.

Средниот бек, кој изминатото лето пристигна во Битола од белградски Партизан, својата кариера ќе ја продолжи во Црна Гора, каде што ќе има можност за нови натпреварувачки предизвици и понатамошен играчки развој.

Од битолскиот клуб му посакаа многу успех во новата средина, со надеж дека успешно ќе ги брани боите на Будванска ривиера.

Среќно, Миха! 💚🤍

Babam Bitola

Comments are closed.