Одличен успех за Михаил Мими Бајовски, кој денеска, 25 октомври, го освои првото место во класата MX на последната трка од Македонскиот мотокрос шампионат, одржана на патеката Орман во Скопје.

Со одлично возење, борбеност и умешност на патеката, Бајовски успеа да се искачи на највисокото место на победничкиот подиум, заокружувајќи го последниот натпревар од шампионатот со победа.

Честитки за Михаил и многу успех на следните натпреварувања!