И покрај екстремно ниската температура од минус 11 степени, Битола синоќа покажа дека празничниот дух не може да се замрзне. Платото кај Офицерскиот дом беше преполно со граѓани кои заедно ја дочекаа Новата година, создавајќи вистинска зимска приказна во срцето на градот.

За одличната атмосфера се погрижи популарната група „Нокаут“, која со своите хитови ја загреа публиката и ја претвори студената ноќ во топол заеднички празник. Илјадници битолчани, но и гости од други градови, пееја и славеа, докажувајќи дека Битола знае како достоинствено и весело да ја пречека Новата година.

Градоначалникот на Општина Битола преку официјална честитка им посака на сите граѓани среќна и успешна Нова година, со желби за здравје, мир и просперитет.

Една е Битола, и кога е најстудено, таа е најтопла.









