Со огромна радост и благодарност ви соопштувам дека мојата преработка на песната ”Ако одам во Битола,,на легендарниот композитор Петар Калица ја достигна неверојатната бројка од 1 милион прегледи на YouTube!

Искрена благодарност до мојот пријател и соработник, аранжер,композитор и врвен инструменталист Благојче Трајковски , за прекрасниот аранжман кој ѝ даде нов живот на оваа класична песна.

Посебна благодарност и до група Фонтана и мојата драга колеска Сара Костадиновска , кои беа специјални гости во оваа преработка и дадоа свој уникатен придонес. Без вас, ова достигнување немаше да биде возможно!

Но, без искрената поддршка на вас – публиката, овој успех немаше да биде можен.

Затоа, да ја почитуваме и поддржуваме Македонската музика.

Димитар Андоновски

https://m.youtube.com/watch?si=YpywRy4I9wnP9T9-&fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR0iVijgx2BhVyDP471_n-DXusLSQO29WXVGswWiJJoShgEyxprzXE2K0iI_aem_LGUHw5sP9RNl0E-NLq5l3A&v=As40B2Ujo4Q&feature=youtu.be