Мизар го наполни платото пред Офицерскиот дом во Битола

од • September 14, 2026 • 0 коментари

Култната македонска група „Мизар“ приреди впечатлива концертна вечер во Битола, исполнувајќи го платото пред Офицерскиот дом до последно место.

Бројната публика уживаше во препознатливиот звук на еден од најзначајните македонски бендови, а амбиентот на Офицерскиот дом дополнително придонесе за посебната атмосфера на концертот.

Настанот беше во продукција на КИЦ Битола и уште еднаш покажа дека битолската публика има голем интерес за квалитетни музички настани и концерти на отворено.

Вечер исполнета со музика, енергија и публика која уште еднаш го оживеа просторот пред Офицерскиот дом.

Babam Bitola

Comments are closed.