По завршетокот на Меѓународниот ликовен конкурс за изложбата “Битола 2022” Меѓународното стручно жири на “Малиот Битолски Монмартр 2022” година има за чест да ги соопшти годинешните резултати.
Имено на Меѓународниот ликовен конкурс за изложбата “Битола 2022” кој беше распишан на 10 септември 2021 година а траеше до 20 февруари 2022 година пристигнаа пратки од 450 училишта со над 22.500 цртежи од 40 земји од Европа до Азија.
Стручното жири од вкупниот број пристигнати творби на конкурсот од 20.000 млади ликовни уметници за 40-тата јубилејна Меѓународна изложба на детски ликовни творби “Битола 2022” избра 777 дела а истата ќе биде отворена на 23.05.2022 година во просториите на Националната детска ликовна галерија “Монмартр” и ќе трае се до крајот на тековната година.
Меѓународното стручно жири ги донесе и следните Одлуки:
1.Добитник на наградата “Гран – при 2022” – “Atolye Veysel Acar” – Trabzon – Turkey
2. Почесна награда “Коста Хаџи-Антоновски” за долгогодишно учество – соработка и придонес – Irina Kruchinina – Children’s Art Studio “Rostok” – OB – Russia
3. Награда “Проф. Д-р. Богомил Карлаварис” за животно дело – Svetlana Veshich Ralevich – Likovni Atelje “Artino” – Belgrade – Serbia
4. Награда Специјална колекција за училиште:
Szent Imre Katolikus Alt. Iskola – Kecskemet – Hungary
Seminarul Teologic Ortodox “Veniamin Costache” – Manastirea Neamt – Romania
OS “Danila Lokarja” – Ajdovshchina – Slovenia
5. Награда – Учество на “Малиот Битолски Монмартр 2022” за 25 екипи во периодот од 23ти до 30ти мај 2022 година во Битола [ 2 учесници и 1 ликовен педагог ]:
“Simply Art” – Hong Kong – China
School 1955 (1188) – Moscow – Russia
“Atolye Veysel Acar” – Trabzon – Turkey
Shirley’s Fine Art School – Lapid – Israel
Likovni Atelje “Artino” – Belgrade – Serbia
Rokytskyi Children’s Art School – Volodomir-Volynsky – Ukraine
Yeow Chye Art Studio – Ayer Itam – Malaysia
Asociatia Culturala “Arte. Ro” – Piatra Neamt – Romania
Mlodziezowy Dom Kultury – Rybnik – Poland
Zush Ladislava Mednyanszkeho – Spishska Bela – Slovakia
H.R.H. Princess Sirindhorn Art Centre – Wangsaphung – Thailand
Detskaya Shkola Iskusstv im. R.V.Serdyuka – Kerch – Crimea
Workshop “Emart” – Subotica – Serbia
Children’s Art School “Kolorit” – Pleven – Bulgaria
Children’s Art Studio “Rostok” – OB – Russia
Zakladna Umelecka Shkola Hlohovec – Hlohovec – Slovakia
JU Srednja Likovna Shkola “Petar Lubarda” – Cetinje – Montenegro
SSH “Ivan Goran Kovachich” – Kiseljak – Bosnia and Hercegovina
Cetin Sen Bilim Sanat Markezi – Kayseri – Turkey
National Cultural Children Center – Tirana – Albania
Shorin Junior High school – Chigasaki – Japan
Art’s School “Arteya” – Targovishte – Bulgaria
“Master and I” – Torzhok – Russia
Shkola za Primjenjenu Umjetnost u Rijeci – Rijeka – Croatia
Children’s Art Studio “St. Ciryl and Methodi” – Bitola – North Macedonia
6. Награда за најдобра колекција – “Златна четка”:
Меѓународното стручно жири додели 23 награди во оваа категорија за најдобра испратена колекција за конкурсот “Битола 2022”.
7. Награда за најдобри поединци – “Златна палета”:
Меѓународното стручно жири додели 133 награди во оваа категорија наменета за поединечни остварувања на светската изложба “Битола 2022”.
8. Признанија за поединечни остварувања – “Диплома”:
Меѓународното стручно жири додели 245 награди во оваа категорија наменета за поединечни остварувања на светската изложба “Битола 2022”.
9. Меѓународното стручно жири во 8 категории за 40-тата јубилејна Меѓународна изложба на детски ликовни творби “Битола 2022” додели вкупно 432 награди.
Одлуки на Меѓународното стручно жири на “Малиот Битолски Монмартр 2022”.
28.03.2022 година – Битола