Мешков Брест стои на патот на Еурофарм Пелистер до Ф4 на СЕХА лигата

од July 12, 2022 0 коментари

Раководството на СЕХА Гаспром лигата одлучи во август оваа година да продолжи регионалната лига во ракомет, со четвртфинални натпревари, кои ќе ги дадат патнците на завршниот турнир во Задар од 2 до 4 септември 2022 година. Во периодот меѓу 8 и 25 август ќе се одиграат следните четвртфинални дуели.

Еурофарм Пелистер – Мешков Брест
Вардар – Нексе
Војводина – ППД Загреб
Татран Прешов – Веспрем

Во четвртфиналето ќе се одигра само еден натпревар, а домаќинот беше одреден со ждрепка. Така Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе го пречека првакот на Белорусија.

Победникот од натпреварот Еурофарм Пелистер – Мешков Брест ќе се сретне во полуфиналето со подобриот од дуелот меѓу Татран Прешов Веспрем.

Babam Bitola

Comments are closed.