Кон крајот на 50тите реката Драгор беше излетничко место за многубројните битолчани од 7-77 година…Тогаш немаше коли и велосипедот беше единственото средство,или пеш да се стигне на бреговите на Драгор,особено на една позната ливада кај двата ореви,а под брусничкиот вис на кој се белееше мелницата на Чавдаровци.Тука веќе слободните улители и професори,како и учениците веќе доаѓаа да се разладат и најчесто играа шах или бељот…
Ете од тој амбиент ми дојде во главата да го наречам,ни подолу ни погоре,туку Бриони.Исто како познатото летувалиште на Јадранот.Потоа како и обично топонимот Бриони покрај Драгор влезе во секојдневната терминологија и употреба на зборот Бриони во секојдневниот живот на битолчани,а и по некое време и една кафана,до самиот автотуристички камп,беше наречена Бриони….
текст и слика адаптирани од “Перформансите на Широк Сокак”
на Д.Д.Такец