МЕДАЛОТ ОД ЕВРОПСКОТО Е ВО ЏЕБ, УТРЕ БОРБА ЗА ФИНАЛЕ – АЛЕН РУСТЕМОВСКИ ИСПИШУВА ИСТОРИЈА

од • September 23, 2026 • 0 коментари

Голем ден за битолскиот и македонскиот бокс! Ален Рустемовски обезбеди медал на Европското првенство во Софија, откако се пласира во полуфиналето во категоријата до 60 килограми.

Рустемовски до полуфиналето стигна со одлична серија настапи. Го совлада Беник Мелкумјан од Луксембург, потоа Вилијам Хјуит од Англија, а во четвртфиналната пресметка беше подобар и од Артур Базејан од Ерменија. Со самиот пласман меѓу четворицата најдобри веќе има обезбедено најмалку бронзен медал.
Следниот предизвик е уште поголем – во полуфиналето Рустемовски треба да се соочи со Аидер Абдураимов од Украина, а победа ќе значи пласман во големото европско финале.

За младиот битолчанец ова е уште еден голем резултат на меѓународната сцена и продолжение на успесите со кои во последните години го носи македонското знаме на големите боксерски натпреварувања.

Babam Bitola

Comments are closed.