Синоќешниот концерт на Ракометното игралиште со 2 Бона, Тони Зен и Лозано покажа дека Битола знае да препознае и да поддржи свое. Добра македонска музика, уметност и публика која знае зошто е таму.

Концерт на македонски артисти и вистински музички вредности, наместо евтин популизам, кичерај и увезен шунд. Имаме свои песни, свои артисти и свои луѓе со кои можеме да се гордееме, треба само почесто да им ја даваме сцената што ја заслужуваат.
А еден од најубавите моменти на вечерта му припадна на Мартин Стефановски. Кога Тони Зен го препушти микрофонот на публиката, Мартин запеа и со својот глас ги изненади присутните, но и самиот Тони Зен. Следуваше заслужен аплауз и момент кој остана запаметен од вечерта.
Синоќа се обели образот. Битола покажа дека македонската музика има публика, има вредност и има иднина, а Мартин покажа дека добар глас може да се појави и од публиката.
