Младиот голман на македонската репрезентација, Марко Кизиќ е нов ракометар на Еурофарм Пелистер за периодот од јуни 2021 до јуни 2024 година. 20-годишниот Кизиќ потпиша договор со битолскиот клуб и ќе ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција.

Овој млад голман доаѓа од Вардар, висок е 190 сантиметри, а тежок 89 килограми. Кизиќ веќе има искуство од настапи во Лигата на шампионите, а во новиот клуб ќе се приклучи по завршувањето на сезоната.

Официјалната презентација на Марко Кизиќ ќе се одржи пред почетокот на сезоната 2021/22 во Битола.