БИТОЛА, ул.Рузвелтова бр.18 тел.075 22 47 22, Нов пазар 075 44 57 40

Мансарда во архитектурата се однесува на стил на закривен покрив кој се карактеризира со два нагиба на секоја од четирите страни на покривот. Долниот нагиб е речиси вертикален, многу пострмен од горниот, додека горниот нагиб е невидлив од улицата и е закосен минимално, колку да може да ја одлева водата. Ваквиот покрив дава можност за максимална искористеност на поткровјето и се смета за практичен начин на додавање спрат на една зграда. Декоративниот потенцијал на мансардата често се искористува со конкавни или конвексни криви линии и богато украсени баџи.
Овој стил станал популарен во Франција со делото на архитектот Франсоа Мансар и затоа го носи неговото име (toiture à la Mansarde) или само „мансарда“.
Во Македонија мансардите биле преземени директно од француската архитектура. Примери за мансадри најчесто наоѓаме во Битола(како град со изразени француски влијанија), но и во други градови каде архитектите влечеле инспирација од Битола или од други извори.Мансардите се користат и ден денес во стилизираната современа архитектура.

Извор Википедија

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here