​Саат Кулата во Битола за првпат е спомената во половината од 17 ти век,како помала кула во Манастир. Меѓу првите слики од неа е таа на патеписецот Едвард Лир во 1848 год. Во нејзино најпрво објаснување и опишување на фотографиите истата е забележана како “White Tower” или во превод “Бела Кула”…

Цртежот на Едвард Лир
 

 Некаде до 1927 г. Саат Кулата имала само големи ѕвона и со нивните отчукувања го означуваа точното време кое до 1912 г.било по”ала Турка”. Со тоа се побива едно мислење според кое кулата била градена во правец со Јени и Исак џамија за верниците во 12:00 ч. да можат да ги погледнат директно стрелките од часовникот и излезат на молитва.

Саат Кулата во Турско време 
Првиот механизам  бил инсталиран 1927 и го покажувал европското време „ала Франга“ кој на старите фотографии можете да го разликувате по неговата бела основа и црни стрелки.Послем неговата замена никој не знае каде тој модел заврши.

Саат Кулата и часовникот со бела основа
Во знак на благодарност кон градот за подигнувањето и одржувањето на Германските гробишта во Саат Кулата 1936 година од страна на тогашните Германски власти се вградува германски механизам,кој останува до ден денес.Од него само еден дел е модернизиран и автоматизиран а часовникот е со многу голема прецизност.