Необична глетка вечерва во Битола! Малo мече е забележано како се движи низ дел од битолскиот парк, што предизвика изненадување и внимание кај граѓаните.

Според видеото кое пристигна до нашата редакција, мечето мирно се движи покрај патеките и оградата во паркот, а во еден момент е забележано и на коловозот кај стадионот Петар Милошевски. Засега нема информации дали станува збор за мече кое се оддалечило од шумскиот предел или од некое друго место.
Граѓаните се повикуваат на претпазливост, особено во вечерните часови, да не се доближуваат и да не се обидуваат да го вознемируваат животното, туку веднаш да ги известат надлежните служби доколку го забележат.
🎥 Видеата погледнете ги во продолжение.


