Физиотерапевтот Илија Жежов е еден од најчестите личности кои ги гледаме во медиумите, но и читаме низ порталите. Но, иако сме навикнати во медиумскиот етер најчесто да заземаат простор политичарите, тој не е припаѓа на политичка партија, туку е еден од најпосветените физиотерапевти и експерти за физикална терапија. 365 дена во годината несебично ги споделува своите совети со граѓаните и апелира на поодговорно однесување кон себе и своето здравје.

И во оваа прилика, тој несебично одвои време да одговори на некои од најважните прашања поврзани со здравјето на луѓето.

Една година 365 дена, како постигнувате да бидете толку активен ?

Добар ден до читателите на БАБАМ БИТОЛА , благодарам за интервјуто кога сме кај 365 те дена мене искрено тие 365 дена понекогаш ми се 730, низ смеа ни посочи Илија. Пред се во тековниот ден морате да се организирате добро да го започнете денот и без стрес и многу напор да ги започнете обврските за да започнат и да завршат добро, но ќе дадат и резултат таков како што посакувате.

Кое е вашето хоби, како Илија го започнува денот?

Станувам во 5 часот наутро, бидејќи дома имам комплетна теретана правам 40 мин кардио, потоа следи туширање и веќе во 7 часот тргнувам на работа.
Првото утринско кафе или цеден портокал го пијам во ординацијата и веќе тука ми започнува денот со своите пациенти и нивните здравствени проблеми. И се така до 16 часот. Потоа остатокот од денот гледам да го посветам со девојката, пријателите, повторно да отидам во теретана да извежбам одредена група мускули или пак да изгледам добар филм или да прочитам некоја добра книга која одлично ме опушта и релаксира.

Со какви болести во вашата работа се соочувате?

Физикалната терапија е широк поим. Опфаќа болести од секоја гранка во медицината, ортопедијата, трауматологијата, неврологијата и др. Најважно е да работите со љубов, успех и да си ја сакате и цените својата работа но и да бидете искрен и отворен за соработка со своите пациенти, само така успехот и уживањето доверба ќе ја имате 100% кај нив, а ќе ви бидат благодарни и ќе го почитуваат вашиот вложен труд за нивната здравствена состојба.

Дали е тешко да патувате секојдневно Скопје-Гостивар?

Ништо не е тешко кога се се сака.
Пак тука би кажал дека добрата организација е клучот за успех.
Кога знете дека денес на едно 15 до 20 пациенти ќе им овозможите насмевка и ќе им дадете здравје ништо не е тешко.

Дали сметате дека Белград беше еден голем успех и проект за вас во вашата професија?

Јас сум среќен и исполнет човек, јас ја сакам работата и затоа тоа кај мене моите пациенти го препознаваат. Освен многуте успеси во мојата држава среќен сум што бев ментор на еден тим во Белград кај кој што оставив посебен впечаток а и тие кај мене.
Србите се одлични луѓе, луѓе со широка душа почит и полни со љубов и многу сум среќен што нас македонците посебно не ценат, сакаат и почитуваат. Од септември соработката повторно ќе продолжиме.

Какви планови имате, што е ваш приоритет?

Мојот секојдневен приоритет се пациентите и нивните проблеми.
Секогаш гледам да им помогнам најдобро, кога некој ви ја доверува довербата вие имате сериозна обврска таа доверба да ја оправдате прво како професионалец во својата работа ,второ како човек. Работиме и ќе работиме пациентите секогаш да го имаат најдоброто решение секогаш кога станува збор за нив и нивното здравје.

Илија за крај би сакале да ве прашаме каде на годишен одмор и кое место е посебна инспирација за вас?

Јас скоро секој викенд сум Грција на првиот крак , од сите места Калитеа ми е најубава.
Лани бев на островот Крф, годинава се одлучив за Тунис или Лефкада па сега сѐ уште сме во преговори но кога сте среќен и исполнет човек тоа ич не е битно каде, каде и да идете со личност која ве сака и ја сакате секогаш ќе си поминете убаво и ќе сте задоволни и среќни.
Малите нешта ја носат среќата.