Малик Татар е ново засилување на Еурофарм Пелистер

од May 23, 2026 0 коментари

Еурофарм Пелистер го потврди ангажманот на 20-годишниот лев бек Малик Татар, словенечки ракометар со голем потенцијал и проекција за сериозна кариера.

Татар е роден во Целје, се афирмираше во Горење Велење, а ги помина и сите младински категории на словенечката репрезентација. Неговите квалитети го привлекоа вниманието на повеќе европски клубови, а од новата сезона ќе го носи зелено-белиот дрес.

Новиот лев бек потпиша двегодишен договор со битолскиот клуб и ќе биде претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26.

Татар е петто засилување за тимот на Лино Червар, по Котар, Серафимов, Белистојаноски и Џелиловиќ.

Babam Bitola

Comments are closed.