Да најдиш работа како келнер во Битола е исто толку тешко како да си барал за таксист. Уствари само тие работи можиш да ги најдиш (се разбира, ако не си политички определен). Работата како келнер не е толку тешка колку шо можат да те напнат муштериите. Еве неколку работи кои ги вадат келнерите од “такт”:
1. Немој од сабајле со “иљадарка”!
Најмногу шо мразат келнерите е ко ќе му дојди некој во 08:05 и порача кафе. Голема е веројатноста цел ден на келнерот да му биди с**бан ако не се има тој прв напиено кафе. А врв на то е ако му извај “иљадарка” и му речи “дај да ти платам”. E ТО Е! Пука филмот, кара врни (вум), незнај кај тера од сабајле. Муштеријата ко муштерија ќе му речи“извини немам ситно”, на то следва “нема проблем”, а проблем ИМА и е ГОЛЕМ.
Во такви случаеви најверојатно муштеријата ќе биди почастен од страна на келнерот пошто го мрзи да бара од сабајле ситни, или пак ќе му речи “ко ќе имаш ќе дајш”. Доколку ова се случува почесто од страна на еден ист муштерија, 1.20 е коефициентот дека еден ден муштеријата ќе си замини со 950 денари кусур, ама метални.
2. Вода
Вода, вода, вода, вода. На зборот “вода” келнерите се доста чувствителни доколку станува збор за “чешмовача”. Ко ќе му речат “ај уште една чаша вода ако сакаш”, прво нешто шо му паѓа на памет на келнерот е НИШТО, бидејки од едното уво влегва, а од другото излегва и заминва во неповрат.
Келнерот ако е расположен можи да ви донеси вода од прва (пример ако има фатено в кладилница или му се има родено машко), меѓутоа, тоа расположение можи да се смени доколку еден ист човек му бара 2-3 чаши вода. На то можи да следва “сиренце да не имаш каснато од сабајле?” или “сармата поќе на месо а?”. Обично после овај муабет муштеријата го остава келнерот рает.
3. Непишаното келнерско правило
Непишаното келнерско правило е муштеријата секогаш седнува на нерасфатена маса. Абе кај сака нека биди масата во локалот, таму ќе седнат. Како бе, како??? Дали малку има маси??? Ја ја ја… (зборовите кои му се мотаат на келнерот во моментот).
Некогаш за да биди подраматично, ќе си седнат на уба чиста маса, ќе ги послужиш и таман шо ќе станат некој од друга маса и одма: “Сакате бе на седниме на ова маса?” И не треба многу молење, доволно е еден да сака од друштвото и ајдееее големата преселба на народите. “Ние се преместивме”. Знам, сега се кладевме со шанкерот по пиво.
4.Чај/Пиво
На зима смрт е со чајот. “Од шо имате чај?” И ова го имаш: Нане, хибискус, мајчина душица, магдонос, коприва, шумско овошје, јаболко цимет, портокал цимет, планински, шипинки итн. “Абееее нее знаам, стомакот ме боли, незнам од шо да пијам”. И сега шо треба? Да земи келнерот да ти кажи кој за шо е? Рецепта да ти напиши? Овај е за гла, овај за желудникот, овај за смирвање… “Абе дај каков бил да не е овошен”. – Од жива ограда можи? “Ама ти мајтап си прајш со мене”. – Мореее цела стихотворба ти кажав од чајој ти ми велиш дај каков бил, и јас мајтап ти прам?
На лето со пивото: “Шо пива имате?” – Скопско, Амстел, Хајнекен, Даб, Туборг, Бекс, Лашко, Никшичко – сите се во мали шишенца! “А од големите немате, a?” – НЕ, ви кажав сите се мали.“Аха, а точено имате?” – НЕ, ви кажав сите се мали. “А Кенбах нема?” – Оф мори мајко… Нема, ви кажав шо имаме. “Како бе во Битола Кенбах да нема, срамота, да му кажиш на газдата да си набави!” Добро ќе му кажам, а сега шо да ви донесам ? “Ништо ко нема Кенбах, дај Кока Кола.” Е то е…
5. Ѓупчината шо просат
Жалосно е, не велиме дека не е, ама некогаш навистина можат да те извадат од такт. Оди по маси, бара пари, му велат немаме ситно, вади едно “туце” пари и му вели дај јас ќе ви раситнам. Ајде бе! Ти вртиш по маси по луѓето, ги служиш 8 сати, прајш 12км во одење во еден правец, тој во 5 минути 100 денари вади, а ти на крајот со 20 денари бакшиш си бегаш. И ќе го најдиш на бегање во некој ќош зарој фрла наместо леб да си земи.

Таква си е Битола со Широк Сокак, и како таква многу си ја сакаме.

Извор www.themen.mk

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here