Античкиот театар Хераклеја синоќа беше исполнет со емоции, музика и многубројна публика на целовечерниот концерт на Влатко Миладиноски, придружуван од оркестарот на Златко Миладиноски.

Во уникатниот амбиент на еден од најзначајните културно-историски локалитети во Македонија, публиката уживаше во препознатливите македонски песни, изведени со искреност, енергија и многу љубов кон традицијата.

Посебен белег на концертот даде настапот на членовите на КУД „Илинден“ – Битола, кои со своето сценско присуство уште еднаш покажаа дека фолклорот и македонската музика одат рака под рака.

Вечер што ќе остане запаметена како уште една прекрасна музичка приказна во срцето на Битола.
Фото Цавироски Стојанче











Следна објава
