Битолчанката Каролина Гочева уште еднаш покажа зошто со години е едно од најголемите имиња на македонската музичка сцена.

На големиот концерт „José Carreras with Macedonian All-Stars“, одржан синоќа на плоштад „Македонија“ во Скопје по повод 35 години од независноста на Македонија, Каролина со моќна изведба ја отпеа безвременската „Ако згрешам нека изгорам“.
Пред многубројната публика, нашата битолчанка настапи во друштво на светски познатиот тенор Хозе Карерас и дел од најголемите македонски музички имиња, придружувани од Македонската филхармонија. Каролина имаше и заедничка изведба со Карерас, а концертот кулминираше со „Едно име имаме“, која ја изведоа сите учесници.
Уште една вечер во која Битола имаше со кого да се гордее – Каролина Гочева, битолскиот музички дијамант, на големата македонска сцена.
