Во недела исполнета со релаксација и позитивна енергија, ФК Јени Маале уште еднаш потсети што значи да се сака клубот, искрено, од срце и без калкулации.

Преку едно пријатно гостување и разговор, беше раскажана приказната за маалскиот дух кој не избледува со годините. Напротив, живее преку луѓето, спомените и заедничките моменти што го прават фудбалот повеќе од игра.
Посебна благодарност беше упатена до Душан Кузевски и неговото ток шоу ,,Брчиме со Дуле” за поканата и за одличната емисија, во која низ опуштен муабет се отворија теми што се блиски до секој што некогаш навивал, играл или растел со клуб од своето маало.
Пораката која се испрати е едноставна, но силна, љубовта кон клубот не се учи, таа се чувствува. А за тие што сакаат да ја разберат, доволно е само да следат.
ФК Јени Маале уште еднаш покажа дека традицијата и маалскиот дух се темели што не се рушат, туку се пренесуваат од генерација на генерација.
