„БИТОЛСКИОТ КОНСТРУКТОР” ФОТЕ ФИЛИПОВСКИ ПОСТОЈАНО Е ВО АКЦИЈА И ИЗРАБОТУВА ПРЕДМЕТИ ОД ДРВО
БИТОЛА, февруари 1970г.
ФОТЕ ФИЛИПОВСКИ од Битола има необично хоби, по што го знаат сите битолчани. Се занимава со изградба на разни видови ракети и глобуси. Постојано е во акција и како да не знае за одмор. Секојдневно изработува предмети од дрво.
Роден сум во с. Рудари (Егејска Македонија) – почна да ни раскажува Фоте Филиповски.
Како учесник во партизанското
Движење во Грција бев осуден на 18 години затвор. Додека бев на робија, за цело време на долгите и тешки години, многу се интересирав за географијата. Можеби затоа што имам само ос
новно образование. сакав што повеќе да научам за континентите и за животот на луѓето. Многу ме интересираа и вселенските далечини. Во затворот почнав да се занимавам со конструирање на разни ракети.
По доаѓањето во Битола, Фоте продолжи со изработка на своите ракети. Тие изгледаат мошне интересно и впечатливо. Но, тоа не е сè: Фоте прави и разни гајди. Го познаваат многумина. Пред извесно време конструира два глобуси и неколку ракети. Сите тие ги поврза со специјален механизам, кој откако го вклучи ракетите врта
Кај ,,битолскиот конструктор” постојано се собираат младите, кои ги подучува во разни вештини. Таков е неговиот живот. Светот на Фоте е полн со реалност и фантазија.
П Cтаврев. Вечер 1970г.