Убава приказна за Битола сподели патник од Литванија, кој на своето патување низ Балканот пристигна и во градот под Пелистер.
Низ Битола тргнал со велосипед со навидум едноставна задача, да најде каде да купи СИМ-картичка. Но, потрагата се претворила во можност подобро да го почувствува градот.

Во својата објава ги издвојува тесните улички, локалниот метеж, кафулињата полни со луѓе, спортот на отворено и секојдневниот ритам на Битола.
„Патувањето не се случува само во километри, туку и во моменти“, е пораката што ја пренесува од својата битолска авантура.
А кога излегол од градот, го пречекале планината и погледите поради кои, како што пишува, човек посакува да застане на секои неколку километри и само тивко да гледа.
На крајот ги прашува своите следбеници:
„Дали сте биле во Битола? Кој град на Балканот најмногу ве изненадил?“
Понекогаш треба да дојде некој од далеку за да нè потсети колку интересна може да биде Битола за човек што ја гледа за првпат.