Ракометниот клуб ја започнува новата приказна за сезоната 2026/27 со големо тренерско име. Олимпискиот и светски шампион, хрватскиот ракометен стратег и официјално е нов тренер и предводник на битолскиот клуб, откако се обврза на двегодишен договор со „зелено-белите“.

Во клубот посочуваат дека амбициите на Еурофарм Пелистер остануваат високи и дека изборот на Червар претставува јасна порака за следниот чекор во развојот на проектот, кој во изминатите години донесе три шампионски титули и настапи во Лигата на шампионите.
Червар важи за едно од најголемите тренерски имиња на овие простори и зад себе има богата и успешна кариера. Беше селектор на Италија, Хрватска и Македонија, а работеше и во клубови како Загреб и Металург. Со хрватската репрезентација освои олимписко и светско злато, додека во Македонија остави силен белег преку успесите со Металург и македонската репрезентација.
Покрај трофеите, Червар е препознатлив и по работата со млади играчи, афирмирањето на нови ракометни имиња и создавањето генерации на зрели и квалитетни спортисти.
Од Еурофарм Пелистер сметаат дека ова е вистински момент проектот да му биде доверен на искусниот стручњак, со цел клубот дополнително да се издигне и да продолжи да расте на домашната и европската сцена.
Официјалното претставување на Лино Червар пред јавноста се очекува наскоро.
Фото И моето дете навива за Пелистер

