Ликовната преокупација на двете уметнички од Битола, Дијана Колонџоска и Ленче К.Јагоридовска и нивните слични погледи на епохата ги наведе да го изразат ликот на еден од најмаркантните современи македонски сликари Борислав Траиковски.

Инспирирани од неговата идеја ,,УМЕТНОСТ ЗА СИТЕ’’ осамна и насловот на муралот кој веќе го краси еден од ѕидовите на СОУ ,,Таки Даскало ‘’- Битола .

Неговите уметнички доживувања се водат како експресионистички моменти и создаваат едноставен и директен ликовен јазик со силен колорит, драматичен потег на четката ,што ја зголемува изразноста на сликата.

Траиковски е еден од основачите на современата уметност во Битола и Македонија, еден од основачите и првиот претседател на Друштвото за ликовни уметници од Битола и еден од најзначајните членови на групата „ВДИСТ“.

Целта на овај проект кој е финансиран од Министерство за култура е афирмација на македонските уметници, доближување на културата и уметноста до младата популација. Несомнено затоа и локацијата ја избравме да биде на средно училиште и самиот факт дека тој работел во ова училиште долги години како професор по ликовна уметност.