Летен Арханѓел

од July 25, 2017 0 коментари

Денешниот празник во народот е познат и како летен Арханѓел за кои се врзуваат многубројни обичаи, според кои на оние кои ја почитуваат верата на 26 Јули им е забранета скоро секаква работа.

Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога. Поради тоа се верува дека на утрешен ден треба да се одмори и дека не треба да се работи за себе или за пари, но и дека ова е најдобро време за отпочнување на каква било доброволна работа.

Св. Арханѓел  е посветен на доброто и давањето, па така и луѓето треба да се сетат на своите блиски како и на оние кои имаат помалку од нив. Вечерва и утре цел ден се посетува црквата св.Архангел Гаврил во населба Довлеџик.

За многу години да ни е!

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *