Леонид Ристев повторно ја отпеа „Наташа од трето три“: Еден од најголемите хитови на СИ-ДО повторно оживеа на сцена

од May 11, 2026 0 коментари

Еден од најпрепознатливите детски хитови од 90-тите, „Наташа од трето три“, повторно оживеа на сцената на неодамнешниот концерт посветен на 30 години СИ-ДО, а публиката уште еднаш со емоции го дочека Леонид Ристев, момчето што во 1992 година ја отпеа песната и ја претвори во безвременски евергрин.

Леонид тогаш имал само 9 години, а песната „Наташа од трето три“, дело на Драган Каранфиловски Бојс, станала една од најпознатите детски песни со која израснаа генерации. И денес, повеќе од три децении подоцна, песната се пее меѓу деца, родители и сите оние што пораснале со СИ-ДО.

Во интервју со него, Леонид признава дека спомените од СИ-ДО и денес му се живи.

„Се сеќавам како да беше вчера, имам најубави спомени“, раскажува Ристев, додавајќи дека му е особено драго што и денешните деца ја пеат „Наташа“.

Токму затоа, неговото повторно појавување на сцената на концертот за 30 години СИ-ДО беше еден од најемотивните моменти за публиката, момент кога едно детство повторно оживеа, а песната уште еднаш потврди дека вистинските хитови немаат рок на траење.

Денес, Леонид живее на релација Белград – Скопје, адвокат, семеен човек и татко, но „Наташа од трето три“ останува дел од неговиот живот, и од колективната меморија на многу генерации.

Babam Bitola

Comments are closed.