Филмот на нашиот битолчанец „Лена и Владимир“ со голем успех во САД – добитници на наградата за најдобар филм

од October 2, 2025 0 коментари

Филмот „Лена и Владимир“ каде еден од главните алтери е нашиот битолчанец Тони Наумовски ја освои престижната награда од жирито за најдобар филм на 19-тиот Универзален филмски фестивал во Канзас Сити, САД.

Ова признание претставува голем успех за целата екипа која со голема посветеност и љубов ја оживеа приказната на големото платно.

Тимот на филмот изрази благодарност до организаторите на фестивалот, како и до сите што го поддржуваат нивното филмско патување, нагласувајќи дека ова признание е инспирација за понатамошно творење.

Babam Bitola

Comments are closed.